пули несв.

пули (несв.)

Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Позицијата, лево од тука, ритчето што го пулиш - осумнаесет старци го држат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пули, да видиш... зошто, да те прашам јас тебе, народот не испеа такви песни за туѓите војски, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Деветте песа со обесени лигави муцки цивкале легнати околу костурот, пулејќи во ококорените очи на господарката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тргнал една бразда, две, Божин во нивата и Силјан застанал на долниот крај кај нивата да им се пули на браздите што ги ора татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со очите го барам сонцето, се пулам и во него, како во најблизок човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ветрот веќе почнува и првите снегулки да ги навева. Небаре иглици, небаре пулајќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите ти се собираат, ти се затвораат ко склопци. А и да се пулиш, ништо не гледаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се пулам ко дете. - А кога можам да ги видам, му велам, кога можам со ваша милост да ги видам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај се пулиш кога лажеш, вели човекот, оди и не задирај се со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се пулеше со стаклени очи студено и одмазнички. Личеше на професорот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пуљам ти порасна косата и крстот на оваа глава што не сака да собере ум, не ти се пули, ама со тоа не значи дека е скриена срамотата, понижувањето и навредите!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не сакам да ја видам, му вели татко, а не сакам и тебе да те гледам, му вели, и си пие цигара, се пули в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пули туа... Сендуците испокршени, мојте невестински руби изрвани, љуљката о која ми порастее дечките - испокршена и разбојот комати сторен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- „Море терај ги, бре внучко, воловите, не пули се по чавките, оти треба до ручек да ја изораме нивата.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги гледав јаболката, го пулев и јаболкарот: вистинољубив, секогаш гордо исправен иако со многу горчина на плеќи - колку гризнувања на јаболката толку горчини на плеќи, колку горчини на плеќи толку поблаги јаболка и троа повеќе препознавања на стари и нови преправања.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- По колата пуља сте од Скопје, нели?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе