пушти св.

пушти (св.)

Некаде квечерина, се пушти глас дека пак ќе нѐ слезат да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги ставиме комарниците преку глава и ќе нѐ пуштат в поле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тој веќе ме пуштил, а јас сега го држам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пушти го човеку нека расте, нека се радува, нека живее...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мислиш дека треба да ја пуштиме? - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму пушти ја - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Слободно! - Можете да влезете! - рече стражарот и ги пушти да влезат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рибата ја држам, не помислувам да ја пуштам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сфатив дека тој го пуштил мачето за да се подотвори вратата и дека ме видел пред огледалото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја пушти златната пара на градите од девојчето што лежеше мирно на рацете од мајката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Многу повеќе сакав да нѐ намердаше жената и да нѐ пуштеше да си одиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тогаш видов колкави нокти сум пуштил и колку јагниња ми пасат на ноктите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Братучедите сепак ја отворија портата и тогаш кучињата им се пуштија на месо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе им кажеме кои сме и што сме и ќе се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе