пцовисан (прид.)
— Нѐ напаѓаат пцовисани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од говедската гробница се јави мукање и ,ржење на пцовисаните говеда и коњи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Воведоа луѓето обичај да се пие и за роден добиток: теле, ждребе и друго, и за купен и за заклан, и за пцовисан.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Анаѓија, претседателот на Народниот фронт на селото, го собра народот на акција да се очистат дворовите и сокаците, да се поправат мостињата и излоканите места на реката, да се закопаат пцовисаните животинчиња.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога ќе се раздени, кога со првите зраци на муграта ќе дојдат да проверат, ќе најдат многу пцовисани мачки и суви липи и багреми.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)