разбие (св.)
Многу успешно знаеја со своите вицови и досетки да ја разбијат монотонијата на ова патување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не знам колку време мина
кога сонцето блесна од зад облаците
ги помести, ги разби
маглиштата и талогот
на еднообразноста
дрворедот се озари
доби лик, па одеднаш
некои чудни форми почнаа
да се об-јавуваат пред моите
очи
пред зумот,
пред заумот.
Ми се стори дека
од некаде надоаѓа нешто боготворно
светлината го овозможува
совршенството
но треба да го најдеш
барај
избегни ја судбината на
просечниот
ум, колатералната штета на
непросветленоста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мразот од нејзиниот крик ги разби прозорците.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се плаши да погледне Со погледот ќе го разбие прозорецот. И стаклата ќе го разранат. Голото тело на нероденото.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
А една личност се качи до мене и ми ги зема очилата за да ме спречи во читањето; и лампата покрај која читав беше разбиена, меѓутоа некој веднаш донесе нова сијалица , а јас погледнав во момчето кое ми ги зема очилата и нешто во мојот израз на лицето го натера да ми ги врати. Така продолжив два и пол часа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сите тие настани ја раздвижија монотонијата и го разбија сивилото на одминатиот ден.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но во тој момент општото очајание се разби во мноштво од индивидуални кавги.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Врати се Врати се, ако срцето вели така, кога патот до мене ќе стане предолг, кога копнежот ќе ги разбие сите препреки, на твојата стрпливост.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
За да не те разбие некое пиле: прлица или кукавица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа траеше доста кусо, колку четири здива, или колку четири волчи соништа, а после, наеднаш, оној маѓепсничар пак ја покрена својата волшебна прачка и дивинките го разбија својот застојан синџир и сега зедоа да ги душкаат сите негови стапалки по снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бугарската војска била разбиена на Брегалница од Србите, а и Грците ѝ нанеле тежок пораз на бугарската војска во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Рада од чашата црвено вино отпи неколку поголеми голтки за да ја разбие тремата и полесно да го одврзе јазикот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сети на нејзините меки усни натечени и солени од солзи и почувствува дека крикот што расте во него ќе го разбие однатре... ...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Слушав од овдешните луѓе дека карневалот се одржува во февруарските дни со цел на луѓето да им се овозможи разонода и да се разбијат и отстранат и по овојпат „духовите на зимското сивило и едноличност“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Табурот на бежињата се разби и се разбега.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
142. Ханот Аспарух (ок. 644-701) со една своја орда дошол од исток кон утоката на Дунав и откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, ја образувал првата држава на Бугарите на Балканот (681) со седиште во Плиска, којашто подоцна ќе ги проширува границите и врз поголемиот дел од Полуостровот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)