разбирање ср.

разбирање (ср.)

Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
70. Ако не се лажам, Комитетот и Организацијата очекуваа помош не од Русија, а од Бугарија, зашто во Македонија, според разбирањата нивни и на Егзархијата бугарска, живеат Бугари. Руси таму нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кој најверно го разбрал вистинскиот и најправиот народен идеал се гледа со порамнувањето на разбирањето на народниот идеал од разни лица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Искажувањето на своето разбирање на народните идеали и критиката на таквите не е празна работа, зашто идеалите се душата на општата народна работа и од здравоста на таа душа зависи и здравоста и плодовитоста на самата општонародна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу нив има луѓе со висок патриотизам и со здраво разбирање на националните македонски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немам разбирање за тие, кои сѐ уште не го скршија од усните печатот на молкот и јавно и отворено не признаа и не покажаа со прст на виновникот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејзината религиозна определба ја обликуваше широчината на разбирањето на луѓето како човечки суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во историјата на овие краишта не се паметеше поголемо разбирање меѓу луѓето и животните: никогаш луѓето од овој град не биле толку блиски меѓу себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немам разбирање за нивната самобендисаност и нема да го имам...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакаше да предизвика божем молба да не презема силни постапки, а всушност тоа беше молба за разбирање и за сочувство.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се свртив и ја погледнав душичката со длабоко разбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мировниот совет настојуваше да најде разбирање кај еден или кај друг да не дојде до пролевање на крв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во правилното разбирање на овој случај и применетата анализа за нашава методска единица, важно е да знаете, а тоа е толку јасно, дека саканиот што разговара со жената и што потоа легнува со неа не е Григори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во мене дреме простак кој се клешти на ова разбирање и бескрајно ја исмева интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас имам разбирање за нивната љубов Со топлата земја од која сите потекнуваме И се насладуваме од кратката сладост Што ја нарекуваме живот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе