разведри (св.)
Се разведри малиот круг на градината спуштениот нимбус на црешата пред очите на човекот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се обидуваме и ние малку да се разведриме. Но сѐ уште не можеме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога нѐ виде обајцата, ѝ проигра руменило во лицето, се разведри.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За миг лицето му се разведри.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Студениот воздух го освежи, му ги разведри мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На самиот спомен на Новоговорот веднаш се разведри.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Ако се разведри, тогаш, луѓе, чекајте мраз, студенило.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Уште и ме прашува: како е мајка ти, што прави татко ти, - вели Билјана со разведрено лице.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еве, веќе ме насолзи. - Прости. Не сакав да те расплачам, сакав само да те разведрам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Даскалов го видов дури кога дојде доволно близу до прозорецот за да ми ја запре светлината и да ми соопшти дека колата со сандакот пристигнува; а јас пред да ја слушнам новината всушност го видов неговото, како што пред тоа се беше изразил, разведрено лице. (Или не беше рекол ништо слично?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас велев дека попусто сме се мачеле, дека голем труд непотребно сме сториле, а тој се обидуваше да ме разведри.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оди, прошетај до Солун. Разведри ја главата, се насмеа офицерот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таму ѝ е подобро. Разведрена е и полесно ѝ е од оној ден кога чичко Петре ја зарадува со веста за учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Старецот наеднаш се разведри.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пушти се сосем, човек си, бре, разведри се!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Долгиот во истиот миг се разведри.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Видоа дека лицето ѝ се разведри...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во прозорецот, како порој, над прескакувајќи се, му се плискаше една уште побогата и уште поодредена виделина, чие што млечно бело довикување беше многу посилно до она вчера, но тоа воопшто не успеа да го разведри.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На крајот Гоце се поднасмеа, го разведри лицето и рече: - Ако, ако...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Затрепери пред него нежна и млечна белина и му ја изми душата па се разведри и почувствува дека подочниците му спласнуваат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)