развиорен (прид.)
Отидоа по него, затрчани, ги однесоа натаму своите испрекршени подигнати опашки, понесени од онаа нивна развиорена луња.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По тоа небо, како јадри, развиорени искри, како сега полетани искри од некој развален огон некаде зад источните планини, бели и јасни речиси пред неговиот поглед се растегнуваа утринските ѕвезди.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сепак, она што најмногу го предомислуваше беше развиорената кадрава косичка на Ева, која ни за момент не се одвојуваше од лулашката.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Уште во овој чудесен град на Босфорот, во неговата развиорена младешка свест зачна идејата на животот да трага по семејната историја и како Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И набргу самјакот веќе беше скорнат. Отскокна од под смреките, брефнувајќи така, што само во следниот миг сите смреки го имаа изгубено сиот свој окит и застанаа еден миг, затскриен зад нив и зад сиот тој развиорен снег, но сосема добро видлив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)