развреска (св.)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се развреска и ’рзна како бесен: - Само таму вам ви е местото! ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Секако дека не може да биде толку добро, тоа вабење, кога на некои им доаѓа и така, што тие тешко се воздржуваат да не се разврескаат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)