разголен прид.
разголеност ж.

разголен (прид.)

Да легнеш врз да ти легне овој сач на брег да легнеш да оздраве оваа лутина до разголени меса и очи дождови престорени.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Беше уморна од лоши соништа и со разголени стаклени очи под кусите клепки додека сето лице покриено со видлива пајажина на влакненца и беше неприродно набелено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И се свртев и ја оставив. Тргнав кон скалите на кејот и ја оставив така: разголена и понижена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мажот е желен, жената пожелна и така во недоглед возбудата на раскажувањето живнува јазикот е топол како крв ласцивен кога бликнува опсцен кога засирува јагула-јазик совршен и кога е разголен без кошула без лушпа како од матка изведен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Разголените жилести раце се протегнуваат, нервно се закопуваат прстите, оставајќи рабести гребеници по земјата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја наведнав главата. Бев дете фатено со списание разголени фотографии, но на тие фотографии, беше моето сопствено тело, ишарано од пламењата и лепливо од јазиците на непознати дебели полицајци.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самракот однадвор е сѐ уште посветол од темницата во собата и можам да го видам нејзиното лице, прилепено на прозорското стакло, и разголениот врат, во бледиот, умирачки здив на денот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дрвото ги истресе лисјата ги избрка птиците Разголено под небесниот туш чека. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Маж, висок, со шапка, малку поостарен, со тенка бела брадичка на замислен прч; а двете жени, боси, со зелени коси до нивниот разголен папок и со бели нараквици.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Политиката на цензурата во оваа замја отсекогаш ме фрлала во несвест - мислам, во секое време можеше да отидеш на 42. улица и да видиш кур и пичка и цицки и газ колку ти душа сака, а тогаш одеднаш, некој популарен филм беше, заради неколку разголени сцени, етикетиран како неморален.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но големата жена, со машки разголени раце, го стаса пред тој да се префрли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му се обраќаа довикувајќи го - црвената треска што трепереше во водата, - разголените гради на нашите жени, - молњите скриени во молитвениците на монасите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во еден момент за време на предавањето, кога погледот на предавачот застана на девојката со израз на препознавање, таа ја отвори бундата под која беше гола разголена. 19.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Старец го крши надве лебот Во лебот жени со српови во рацете И огнот на летото што светка на нивните разголени гради.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Воздухот небаре се загадуваше од тоа тесто на подбив и напернатост, плитки смешки и срамен кикот, наменет за врзаните и нивниот разголен пол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе