разголува (несв.)
Се разголуваме така, сѐ од нас фрламе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Предолгите нерамни и скоро кучешки заби диво се разголуваа под слабата селанска светлост што ни на ноќта ѝ се предава ни ноќ совладува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жената на трговецот минуваше од устата до уста, разголувана и сакана.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но само еден со стапки кришум сторени ко крадец некој го граба моето бреме, и ги разголува, ги корне моите корени, па јас се чувствувам дека сум живот и време.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Над тромавата свест завесата сѐ повеќе се дигаше и го разголуваше настанот со ножот, со ленената кошула, со ударот, со човекот, на чиј гроб лежеше тешка плоча на дваесетте продувани години.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А тој сѐ уште ги гледа, ги пронижува со погледот, како да им навлегува во главите и им ги разголува мислите.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Но гласот на Глигор му ги дереше ушите и ги гонеше магловините од неговата свест и ја разголуваше болката за нешто загубено без што овде е штуро и неподносливо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говорев за шумот на зрелата `рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, сѐ додека со страшен удар не ќе му ја смачкав муцката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ме прави слаба и незаштитена. Ја разголува мојата вистина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Претставата се трудев да ја догледам, зашто очекував нешто понеобично да се случи, но тоа не стана, освен што сѐ повеќе, со сите свои интими на најчувствителното човечко катче, се разголуваше преразголеното човечко тело и анимализмот на снагата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Заборавен за тоа што е околу него, паѓа на колена, вцрвенетите клепачи ги разголуваат зениците стаклено сини и раката замавнува и со секој удар во празнината ги свива силно усните.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пак е Марко во улогата на благ изобличител на неговите занеси, сега само малку поопипливо ги разголува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)