разгор (м.)
Продолжуваме да живееме во Солун, во разгорот на светска војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Разгорот на оруженото востание и приливот на нови борци по капитулацијата на Италија создале услови за формирање на покрупни воени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Политичкото и военото раководство на Македонија во првите месеци на јануари и февруари 1943 , а имајќи ја предвид поволната надворешна воено-политичка ситуација, презело низа мерки кои го трасирале патот кон позасилен разгор на народноослободителната борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Како одговор на сѐ позасилениот разгор на НОБ, бугарските окупаторски сили извршиле повеќе масовни злосторства врз цивилното население во Македонија (стрелањата во: с.Дабница-Прилепско; с. Ваташа-Кавадарско; с.Пуста Кула-Велешко и др.)
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во разгорот на бојот никој не го слушна нејзиниот глас кој се исцеди и секна...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко во разгорот на овие мисли, по којзнае кој пат, ја започна големата ревизија на својата библиотека.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во пролетта на 1943-та на територијата на Македонија се случиле низа настани кои одиграле значајна улога во разгорот на вооружената борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 27 август 1903 година во неделникот Аполинер ќе го објави прилогот Борбата против француските зборови во Германија, во времето на разгорот на полемиката за прифаќање меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)