разделува несв.
разделување ср.

разделува (несв.)

Се спушта сега тој на рамената на врсниците свои во болот непребол дури од него горското цвеќе се разделува Домот во кого згасна помнењето на светот во залезот на виделото.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Различните конфесии не ги разделувале меѓу себе, а ниту туѓинците не можеле да ги раздвојат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трново секако не живее од историјата, но таа веројатно помогнала за неговото оформување како вонредно живописен град од кој човек тешко се разделува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отрчувам до нив и ги разделувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Двајцата, стиснати еден во друг, како сенки се мушнаа меѓу двете бакалници на аголот на Корејска улица и чикмакот што завршуваше со висок ѕид од бетонски тули, и брзо се вратија назад, разделувајќи се со обострано тапкање по рамената.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се разделуваме делејќи си насмевки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доаѓаше со своето мало торбиче, во кое беше нејзината ноќница, нејзиното шише со лимонска тоалетна вода од која никогаш не се разделуваше, доаѓаше со чоколади за децата, со тегла ајвар или слатко, што ги беше подготвила сама, таа есен, и со книга од Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако тоа го нема и ако од неа едни – имаат голема полза, не правејќи никакви жртви, другите прават големи бесполезни жртви, целината се разделува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ги собира веѓите и ги разделува. Се костреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
II Винстон си го пробиваше патот низ шаренилото од светлина и сенки, газејќи по баричките од златеста светлина таму каде што гранките се разделуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
XIX Бисерна зора над Калето. Се разделувавме од заедничкиот сон со нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Убав млад човек, непознат другоселец, ја разделува од другачката, ја зема нејзината мала рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа што сама го знаеше и што ѝ имале раскажано други, постари од неа. Тешко се разделувавме од неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не поради опасноста од создавање правила што ќе нѐ разделуваат во нашето однесување во исхраната туку затоа зашто нејзината загриженост ја сметав за неоправдана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе