разменува (несв.)
При интравенозна употреба немојте да разменувате игли поради ризик од Сида.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Им препорачуваше добри ресторани или крчми во Битола каде што можеа да ручаат, разменуваа идеи и мислења за тековните модни случувања во светот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Уште по некој збор разменувавме додека мене не почна да ми станува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Таму каде што таа симбиоза може да се насети како далечно претчувство, таа не произлегува од формалната проткаеност на наративното со поетско и обратно, туку токму од непомирливата различност на тие два прозно-поетски света кои помеѓу себе разменуваат тајни знаци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нивните односи беа поблиски отколку само како однос помеѓу професор и студент: Мисирков често го посетуваше домот на својот професор и разменуваше писма – на полски и на руски јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За време на облекувањето се смеевме, пеевме и разменувавме раскалашни бесмислици.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тука меѓу луѓето кои преку генералските униформи имаат облечено фракови и се членови на елитно ловечко друштво во кое како највисока награда се добиваат еленски рогови и каде што на секоја реплика меѓусебно си разменуваат скапоцени подароци, главно оружје.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Личноста за која е корпата, треба веднаш да потрча и да го фати оној кој ја оставил и тогаш разменуваат бакнеж.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ниту едниот од нив не го крена погледот; продолжија да сркаат од водникавото јадење и меѓу сркнувањата ги разменуваа неколкуте неопходни зборови со тивок безизразен глас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бистриме така граматика, политика, а ветрот нѐ удира в лице, нѐ бричи на суво. Ја ваби зимата ветрот и ни ги собира очите, ни ги сменува погледите, ни ги разменува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Настана долга тишина. Мислите се разменуваа без зборови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Разменувавме мислења за импресионизмот, кој тогаш беше револуционерно уметничко движење...“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не разменуваше само народи и територии, анулираше религии, наложуваше и нови азбуки, обичаи...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Стој! Предводникот и стражарот разменуваат нишан и веднаш потоа жените одрамуваат сандаци и вреќи, растовараат добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нема ништо друго во оваа песна освен твоите како ноќ полни тишини; ништо друго освен миг, сосема прост миг во кој го разменувам сиот живот со твојот живот над проста осама за двајца.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако комуникацијата не ја разбираме само како идеализирана говорна ситуација во која вклучените страни толерантно разменуваат мислења креирајќи го на тој начин идеалот за еден демократски универзум, туку ако ги земеме предвид и современите психоаналитички и постструктуралистички сфаќања, тогаш комуникацијата станува далеку помалку идеална.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)