разнесува (несв.)
Тажно е и да се погледне о Родна грутко додека те разнесуваат по полето заскитани светулки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Ти не смееш да бидеш таа што го разнесува тој мирис“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мегалоновите бродови ги разнесуваа маслинките и зејтинот што се правеше од нив по сите светски пристаништа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Оган нема И храбро гледаш Ветер како ја разнесува пепелта На она што одамна го чекаш
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Кога започнува да копа под неа и главата му се наклонува и притисокот во градите студено се разнесува во неговата внатрешност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Многубројни чекори се разнесуваа низ дворот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги обрежував ресловите а момчињата на колички ги разнесуваа по сушалните готовите ќерамиди.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Езерото се разниша, се крена ветер од него и започна да дува по брегот да го кине и да го разнесува младиот цут од овошките.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Додека се сушат испраните мозоци спрострени под светло на мониторите, колпортерите разнесуваат утрешни детергенти за денешните флеки.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Омарнината од огнот ѝ го развласува ликот, ѝ го разнесува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Каде се чуло и видело пошта да се разнесува в планина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Зад брегот се гледа еден дел од планината по која се издигаат огромни дрвја на бука, цер, благун, јаблан, сладун, и кои често го поземаат чадот од дувалото и го разнесуваат меѓу себе - траг да не му остане.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа како да е крај, татнежот како да ја разнесува и големата конспирација.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми одговори: - Не се мои, ама се жедни. И продолжи да им разнесува вода на сите дрвца во градината.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)