раме (ср.)

Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се разбира, алкохолот е корисен сѐ до оној моменат додека не се напраиш стока и не почнеш да ја замараш околината па да зборат за тебе „Види го овој се напраил труп” и таков флекосан на рамења да те носат до дома со што ќе бидеш предмет на исмејавање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ме облекоа во долг фустан и ми ја пуштија косата вака: на двете рамења да ми паѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На терасата таа лакомо грабеше воздух како риба на суво потпирајќи се со раката на неговото раме.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со која беше толку блиска и од која ги дозна сите поединости околу нејзиното посвојување и растење. Ѝ недостасуваше раме за солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така ги донесов. Ама рамења ми прекапаа од тежина голема.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му ја раскина кошулата и неговите тврди прсти бргу зашетаа по градите, рамењата и рацете.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ај, го земам војничето на рамења да го носам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш им носеше да сварат од кафето што им го додаваше дубровчанецот, а што таа толку долго го толчеше со тешката ќускија од која рамењата ја болеа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бавно плива во сенката што му ги зафатила рамењата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тенките рамења беа наведнати напред, така што правеа длабнатина од градниот кош, сувиот врат изгледаше како да е превиткан на половина под тежината на черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку што кривите ноџиња му се куси толку во рамењата е широк.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Глигор го зграпчи за рамења и го тресна жестоко во ѕидот. Арсо се струполи наземи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тунелите што се создаваа на тој начин момченцето полека се губеше, поправо тонеше, па кога некој би гледал отстрана би му ги видел само рамењата и главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
НИКОЛАЌИ: (ги бере рамењата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ко сенки, ко сеници се точкаат: со пушки, со ќебиња, со украдени сакми, со некакви врзопи преку рамења.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога ќе го најдеа, бликаа од радост и го гушкаа, му се качуваа на рамењата и тој ги носеше како некој џин, како пастув.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Лоши соништа ти ја затемниле главата. Таква глава не останува долго време на рамењата.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе