рамни (несв.)

Морето е веќе пред нас, се набира и се рамни, се рамни и се исправа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Девојчето се нажали, одвај ги задржа солзите и со малото дланче ми го рамнеше стутканото листенце.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Морден имплицира дека Крафорд во Милдред Пирс толку моќно ги одиграла гламурозната и абјектната женственост, толку напнато, толку совршено, а во исто време и толку екстравагантно театрално, што нема дрег-кралица што може да ѝ се опре и да ѝ се рамни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа бела, проѕирна грутка, видов во Венеција, се рамни со злато. Се вика елмаз.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Е, сега со булдожери рамниме - овој терен е најстар откако фатило да се создава Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)