рамнодушно прил.
рамнодушност ж.

рамнодушно (прил.)

О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А малце потоа и како да го наслушна неговото неизговорено додворување дека решението да живеат како што умеат а притоа и да го искористуваат најслаткото од животот е нивно и само нивно… а на оние горе, рамнодушно им ги отстапуваат грижите и вечната жед.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одглумив радост дека го гледам и рамнодушно го поканив да влезе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Каравлашко не може рамнодушно да гледа на засилувањето на Бугарија со давањето автономна управа на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Моите сопатници од земјата рамнодушно го слушаа говорот, небаре им беше упатен на други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Усвитената зеница на синото небесно око рамнодушно се вргалеше во пустелијата на која бев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Луѓето рамнодушно ги гледаат двајцата кловнови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оти речено е: оној кој рамнодушно гледа на злото, набргу ќе почне да му се радува!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа рамнодушно ги посматра гостите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дланката ми се потеше. Божидар рамнодушно го позеде баждарот со црните прсти и го прецени со студен поглед.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Баждар рамнодушно ги собра рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сивосиното око на кловнот се полни со влага. Од тоа другото станува безизразно, тапо, нечовечки рамнодушно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лесата носилка на водата рамнодушно го носеше кон селото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа рамномерно и рамнодушно се движеше по улицата надолу, чиниш во улога на манекенка којашто пловејќи по пистата сака да овозможи да ги покаже сите свои примамливи привлечности што креаторот сака да ги истакне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакаше да делува рамнодушно, но не му успеа, зошто на лицето ги помина сите бои од виножитото. Цела палета.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тромаво, слепо коњче рамнодушно ја влече преку улицата својата судбина - стара кола, призрачна и немила како и секој затвор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Актерот рамнодушно го гледаше, директорот со израз на клише и се проѕеваше, а режисерот нешто повторно запишуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе