рамо (ср.)
Мрднаа ли – се откри рамото, плешката, грбот, нозете.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ме потапка по рамото: Ти си способна ќе најдеш, јас не можам да те плаќам, војна е!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пушката му стасуваше до колениците, иако ја носеше на повисоко рамо и со цевката нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо а да не го чуеш нивното милување.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Не прашав дали си кренавте паметник но вашите раце од мрамор веќе ми тежеа на рамото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ме фаќа за рамо и со растреперени раце ми ја подава: - На, чедо, носи ја... ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Всушност некои прсти ме имаа фатено за рамото и ме туркаа кон собата во која ти го беше поминала сосема сама поголемиот дел од твојата последна ноќ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По нив, назорум гордо чекореше чичко Анѓеле и на рамото носеше две пушки.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сетив како ме тегне за рамото и сфатив дека се разденува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И го зеде букарот на рамо и едно бардаче в раце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој го стави српот на рамо, ги потпре тупаниците на колковите и се подисправи за да ја надвие болештината на крстот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во првото кафеанче седнав да испијам кафе, ја пикнав раката во кожната ташна што ја носев обесена на рамо, а која сега ја имав положено на масата пред себе, и го најдов својот адресар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Предводникот, со шмајзер на рамо, нареди никој да не се движи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Навали глава на нејзиното рамо, ја гушна, се пригушна до неа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)