ранет (прид.)
Судар без жртва? Ранети мисли телото го заробија.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Каменот умира ранет во полето на троскотот по снагата му пеат лишаите и мовта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сите ранети лица властите ги сметале како затвореници и ги лечеле во затворската болница.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гледаше и ослушнуваше да види да не лежи некаде ранета.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога го виделе урнат и ранет, го дотепале со камења.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го проколнувам јас човекот човекот кој со дланки душата ми ја стопи ме остави ко ранета птица вечно да патам... а црвените патеки оставаа траги на згаснато тело траги на мртва љубов и затворено срце кое пати и чека го чека човекот со белиот коњ.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Покрај неа и едно рането војниче што плаче за вода. Се моли. Кај да му барам вода?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А долу, во приодите кон градот, сѐ што беше останато рането и убиено во минските полиња, пред пушкарниците на бункерите, со бодликава жица врзана за врат ги влечеа до местата каде чекаа војничките камиони.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вистина, ме пуштаат до логорите со ранети борци на Демократската армија, но секаде со полициска придружба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Слушајте сестри туркинки скршите лоши адети, фрлајте пусто фереџе, во ваши срца ранети радоста нека заигра...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ваперите сакаат само ранети луѓе да мачат, вели, и сакаат многу на гајда да играат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А заљубениот човек е како мува без глава, што се вели, како ранета ѕверка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во камионот ми товарија триесет тешко ранети и право во Корча и веднаш се вратив назад.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изрипа рането Јаким и ги стегна силно градите, ги задржа солзите - сакаше да го гледа во далечината бродот, што пореше со Божина милиот побратим, со кого ергенуваше и во рани зори ги будеше со својот писан кавал заспаните родни планини...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Недалеку од нив еден ситноглав и беззаб старец со сламена шапка и матна болка на сувите, пропаднати образи, милуваше на своите коленици ранета грлица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сигурно сум ранета, си мислам, ама зошто уште не почнало да ме боли?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)