рапав (прид.)

Дури и кожата ѝ е рапава и како да се држи понастрана од нејзиниот костур.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш мора ноќе да си ги намачка рапавите раце со вазелин, а наутро мора на врвовите на прстите да си залепи фластер за да може да продолжи да работи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во исто време некаде стивнувала рапава песна на гладен и безнадежен гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговите ушни школки не го примаат рапавиот глас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го мачеше рапава пустинска жед, лименото грло на матарката беше суво како и планинската пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јазикот го чувствува сув и рапав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само нозете ја досегнуваат рапавата студенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одеше до една бука преку потокот и, потонат во снегот до стомакот, го бодеше дрвото со роговите, се чешаше од неговата рапава кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да беше жив сега ќе имав внуци многу поголеми од тебе, - заврши таа со рапав и снемоштен глас и седна на работ од креветот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Црни рапави кори – шупливи инструменти населени со ветрови и ноќни птици.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Гласот му беше рапав и ноќен, изѕемнат до корен. Најверојатно прашуваше дали барам нешто од нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Постојала крај него некое време, а после се наведнала и му ги лизнала со својот огромен и рапав јазик обете негови раце. Биле две крвави раце и мечката му ги полижала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа цврсто безоблично тело како гранитна карпа, со рапава црвена кожа, ја имаше истата врска со телото на девојка, каква што постои помеѓу плодот на розата и расцутената роза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И оттогаш неговата смеа стана рапава, горка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе