рапсодија (ж.)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Модрици по телото, очај во душата, чиста рапсодија и ужасна мелодија во умот за нагрдената убавина и помодрената слика на платното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
8 Пристигнав во Западот. Започна мојата душевна рапсодија. Животот со дечко ми.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И така во длабоката ноќ, која беше вистински само нивна, на Климент Камилски и на Татко, чудесната рапсодија на тишината на книгите, која ја нарушуваше говорот на двајцата балкански книгољупци, тишината на книгите со оживеани значења, со искри проблесна светлина во темнината на балканската ноќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)