раскош (м.)

Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Костим, гламур и елоквентност нема да ја скрие твојата подлост ниту пак црвениот килим и раскош нема да занемари колкава си курва
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сум влегла среде раскош што не ми прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Петвековната турска империја целиот свој раскош го собрала во овие сараи и, можеби, ретки се други места што кријат толку големи богатства и скапоцености.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го знаев тоа, и самиот сум го осетил, дека онаа светлина и свечена големина и раскош на сликите што се запаметиле од детството или од младоста, не соодветствува на стварноста во која сѐ е со неизбежната и единствената можна мерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа значи раскош, а ние често го велиме тогаш кога нешто е непотребно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Раскошот на тркалцата од чад, сите тие метафори, додека блескаат крлуштите под камењата, или плутаат мртвите надуени риби затоа што се прејале со малите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
ПОСЕТИТЕЛОТ на Истанбул, особено оној што првпат доаѓа во овој град, не треба да пропушти да ги види некогашните сараи на турските султани, кои го чуваат споменот за величината и раскошот на отоманското царство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Италијански култ: култот на сценската глетка. Американски култ: култот на беспризорноста. Раскош на смислата наспроти пустините од безначајности. ***
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
О каков раскош! Каков миг!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вратена на старите килограми Рада, во стегнатите фармерки, ја покажуваше сета раскош со која ја беше обдарила природата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Филип: Јас како крал сум моќен, доволно силен и добар оратор, но сепак би сакал да ме надминеш, да стасаш до поголемо богатство и раскош!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Скот: Себеси да си дозволиме раскош на кукавичлакот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Александар: Но, почитуван татко, јас не сакам кралство кое носи богатства и раскоши, туку кралство што ќе ми донесе: борби и војни и дела полни со слава и чест!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Беше згора над таа модрина, високо горе, заедно со тоа заискрено утро, ѓаволски добро за лов на диви кози, со сиот тој тврд снег и со сиот овој раскош на разденувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред него е ритуалот на рамновесието и случајот. Раскошот. Раскалашноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе