расмеан (прид.)
Расмеани се погледнаа и забележаа дека ќе врне. Си рекоа да побрзаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Целата расмеана и некако победоносно, оддалечувајќи се од него со по кригла пиво во рацете, му рече: „Ти си бистро момче“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога го стави в рака мобилниот, седна на столот спроти авторот и целата расмеана: „Го имам!“ му вели на авторот и го баци телефонот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Абре, да му се сневиди на овој животот“, нешто подоцна рече чичко Никола, расмеано, како веќе да не беше со намера на разговорот, на својата прикаска, да ѝ даде сериозен тон.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- И на одење пред три години ние тука спавме, - расмеано откачи Шишман. - Демек така, - присторе Чакарвелика и го собра плеталото во скутот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Расмеано право в очи го гледаше Еда, а со залажувачки погледи повремено се свртуваше кон Марка со цел да му обрне внимание дека таа слуша со посебно интересирање како тие двајцата зборуваат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)