расне несв.
раснење ср.

расне (несв.)

В клун вода птицана ќе му носи на дабон Ќе го пои и ќе расне тој Да го надживее своето небидие!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тие сега ќе добијат крилја и нивната агресија ќе расне и нивниот подбив ќе се шири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наеднаш сите знаеја сѐ од нивниот шепот раснеше боцкава прикаска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе свенат ластарите. Ќе се исушат тие раце што ме негувале, што ме раснеле и на овој рид голотијава и ветерот ќе ме дојадат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На исто таков начин се нацртани и нозете, само што тие раснат рамно со главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Богатата обоеност на гуштерот не беше како ни едно од оние нешта што раснеа на теренот или во бавчите; поразлична од бојата на тиквите, тиквичките или лејките.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Расни ме боже, раце големи дај ми да бидам последно тело црнината што ќе ја догребе од сите тревки и од историјата на една песна многу што ја сонија - Македонија: Тргнав да ја барам телото го изгубив.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Заборав наместо да се нуди, живот, исполнет ден и надеж, полн џеп со душа и душа полна, со деца кои безгрижно ги гледаш како раснат, а со нив и ти душевно раснеш, повторно и повторно, исти немири, намерни убивања, растргнувања, палења и поткусурувања, на идиоти без сива маса освен за пари црни.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Расневме заедно, заедно крадевме вишни и иста судба секогаш имавме ние.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Почнав да не излегувам, или да излегувам сосема ретко. Сега кај нив почна да расне бес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѕвезда саде низ куќи и пред куќи да ги расне цвеќињата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И умираше во густ бамбусов сплет под тешки шепи на џиновски тигар додека над него раснеа небото и восхитениот шепот на африканските ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не си кадарна ниту рожбата да си ја раснеш - ме кори - а молченката си ја преапувам долната усна, до крвта да потече си ја преапнувам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И со месецот нешто стануваше ноќе: му раснеше нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе