расонува (несв.)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ги успиваше пламенот на огнот па молчеа, а почнаа да се расонуваат кога огнот се разжари и замирисаа стапчињата на кои возачот ја вртеше рибата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Скокаше од креветот, излегуваше низ вратата од спалната, стрчнуваа другарите, го будеа, го расонуваа и пак го враќаа назад во креветот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во кафеаната , зад џамлакот градоносен облак од зборови; и скршени надежи, и дамла од пцости, што горчлив потсмев расонуваат!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Понекогаш ја наоѓав како спие, а нејзиното тело го прекриваа пеперутки, и потоа, кога таа се расонуваше, кога полека го размрдуваше телото, тие како облаци одлетуваа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сочното прикажување на дедото проткаено е со современи изрази и ме расонува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)