распадне св.

распадне (св.)

Се распадна пред да го ставам в уста.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Едно ѓуле го погоди востаничкото црешово топче и топчето се распадна пред да успее да ги пресретне со своите ѓулиња непријателите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога и оризот и чајот ги завршија, двете девојчиња фатија да ги редат ќофтињата врз стиропорот, но полека, за да не се распаднат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Бегај сега. Ти можеше да ја оставиш последната за себе и да се распаднеш во нејзиниот тресок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како што гледате за многу наши тешкотии: не родило доволно, не е направено убаво, не е сторено навреме, изгорело, овенало, 'рѓосало, распаднало, снемало, задоцнило и ред други работи, виновни сме самите, со нашиот јавашлук, со нашето непочитување на времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Двата ученика биле исклучени од гимназијата. Групата се распаднала.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од силното потскокнување по нерамноста на тој пат-непат тркалата се заканувале да се распаднат, помеѓу колските ѕидови од сплеткани прачки невозможно било да се седи или да се лежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се распадна на деловите кои ја сочинуваа некогашната хиерархија според националното и наднационалното, на крајот националистичкото надредување! Националистичката братоубиствена војна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Конечно ја добив својата поленска инјекција. Просторот се распадна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Му го турнале стапот и овој паднал и во истиот миг се распаднал на коски и месо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Запечатениот свет во кој живее тој во таков случај би се распаднал, а стравот, омразата и вербата во сопствената исправност, од кои зависи неговиот морал, би можеле да исчезнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просторот толку бесконечно се бранува; дали некогаш течел кон едно место? Се распадна кората што ме носеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден од нив забележал дека месото на граматикот сосема се распаднало, а очите му биле сѐ уште ведри и полни светлозрачен лач, како да видел откровение божје, а не успеал да го соопшти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обиделе да извлечат еден лист, но клопчето цело се распаднало.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбудив: дабјата и костурите со зинати челусти се распаднаа, се строшија до безначајност во прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе