распознава несв.
распознавање ср.

распознава (несв.)

Во мене го селам на душите препевот на претците гревот и кога те напуштам и кога те очекувам како мугра лелекам и не преболувам само меѓу луѓето да ме распознаваш...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Формата на идеограмот може да биде толку изменета што веќе не се распознава како сликовна претстава на предметот; а неговото првобитно значење може да биде проширено на тој начин да ги вклучува идеите за кои не постојат јасни сликовни претстави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таму, горе, по белината на скаменетиот снег, по која што се распознаваа траговите од јазиците на ветерот, почнуваше да зацарува некое волшебно усвитување, и тој знаеше дека тоа го носи оној сега сосема неразбиен бран на виделината, што продолжуваше да надоаѓа од зад планините, додека во сенките под него сѐ уште лебдеше густата модрина на ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Водата е мошна чиста и бистра. Далеку од брегот се распознаваат струи на пенливо бела вода во зелената езерска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа ќе ја здиплеше изветвената карта на која одвај се распознаваше слободата И на која уште светкаше огнот на вкрстените мечови Врз белата пепел на предците.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пчелата на доблеста го одбира цветот, таа не слетува на секој цвет: го распознава по мирисот и бара доблест само од разумен човек, затоа што таму ја има, кај разумните луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не, не можев да го издвојам и замолкнам тој глас што нѐ раководеше во решавачкине моменти бидејќи во него расппознавав и многу мои зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Том имаше развиено крчмарски осет да го распознава расположението на луѓето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Петте гуски, не распознавав веќе која е мајката, а кои децата, луто загракаа и почнаа кавгаџиски да ги издолжуваат шиите штом натрапникот се наближи до нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само се насмевнав: „Е, како да сум јас онаа која ги распознава мивките од чесните жени па дојде мене да ми го раскажеш тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од нив тој веќе можеше и да ги распознава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Глигор одвај ги распознаваше истенчените црти на неговото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Софиските келнери веќе ги распознаваат нашите туристи токму по шампанското и ...по шопската салата. Но и по големите бакшиши.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе