распрскување (ср.)
Ако кажам оневозможува, тоа не треба да значи граница, пропаѓање, туку дека текстот има смисла, бидејќи диференцијата или делењето или распрскувањето - прават извор.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Виножито, на солзите дождовни распрскување маглина од дожд и сонце, и пурпурна пајажина на небото што се влече од крај до крај, возбуда, среќа, во овој неспокоен крај.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Единствената шанса за опстанок на подземната култура е нејзиното распрскување, максимално разгранување, бидејќи едноставно е невозможно спротивставувањето на технолошкиот бран што надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)