растопува (несв.)
Сочинета од маглив превез или нешто слично, превез кој наеднаш се растопува и исчезнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сонцето преку ден ги растопуваше смолите и маслата во нив и навечер тие го испуштаа својот опоен мирис.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само в крчма се опушта, па се загрева однатре и се растопуваат стегите што го држат во замолченост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Грутката чемер што ја носеше во градите почна да се растопува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Не можете да си ја претставите, може само да се има - сета е мека и топла, ќе се закопа во тебе и само те топи, растопува и те пие, пие.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше како некоја маѓија, од која оние двајца се растопуваа во таа млечна нестасаност на виделината, бидејќи тука всушност како да немаше никакво оддалечување. Сигурно затоа што им ги гледаше само грбовите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бледото лице на Арсо постепено се растопуваше во мракот веќе налепен во аглите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овој синкав лач во неговите очи ја растопува во некаква заборавна умиленост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ноќта е повообичаена отколку што е вообичаено. Згазениот пикавец се растопува на дождот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Светат лицата на овие младичи во неснослива усвитеност и се растопуваат во црвената проѕирност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)