растргне св.

растргне (св.)

Времето се растргна. Меѓу облаците почнаа да се откриваат сини небески бездни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оној старец што свирка како врапче ќе го растргне волк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Буквално беше растргнат без можност да заземе страна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Невидливо за останатите, не ретко се случуваше да помине покрај лешот на растргнат мајмун и пред забите на разџвакан тигар да собере мирно највкусен желад.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ја видоа таа убавина, збесна тој пустината, главниот, ги растргна усните со кисела злобна насмевка, вадејќи ги сите грозни заби нанадвор а очите му светеа како на крволочен ѕвер.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Па тоа е душа растргната на сто делови, ситна сирота душа која тоне сѐ подлабоко и подлабоко во темниот лавиринт на очај и агонија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не само сакањето на една личност, туку сакањето на животинскиот инстинкт, на простата безлична желба: тоа е силата што ќе ја растргне Партијата на парчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На едно место во подот ги растргна сите пилотни и го отвори ќепенакот. Темничина и мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако го растргна последното диво јаре на поило, дури отаде планина, се како опусте наоколу. неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага на ниедно животно. млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Згрозена, таа неколкупати ја повтори сцената од селското училиште, каде жолтите пци,пред децата,ја растргнале учителката и деловите на телото ги развлечкале низ целиот училиштен двор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Порано или подоцна, тие ќе ве согледаат такви какви што сте и тогаш ќе ве растргнат на парчиња.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Зимоска волците го растргнаа Караман, знаеш, и сега сме само со едно куче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ќе патам ако ме сметаш за луд, за декадентен Дон Кихот на овој растргнат век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во 1738 година беше растргнат од кучиња во шума.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите се растргнаа настрана. Само Мира го пикаше лицето во дланките и плачеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тука Едо се наоѓа во еден напор од којшто му се чини дека ќе се растргне себеси одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе