рафал (м.)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Истовремено се слушнаа долги митралески и автоматски рафали од кај границата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Рафалот беше му поминал преку целата слабина зад мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од кај планините без престан допираа долги митралески рафали.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И наеднаш - истрел и по него долг автоматски рафал.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Долги митралески рафали и трештење на рачни гранати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Успешно дејство со кратки рафали до 200 метри, а со долги до 100 метри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ноќта лудува. Од сите ридови се слушаат долги митралески и автоматски рафали.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со последните сили посегна по пиштолот. Нови удирања и краток рафал.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Навикна и на топовските и минофрлачките гранати и на рафалите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги осветлуваат само светлечките куршуми на митралеските и автоматските рафали.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пред нас стоеше сликата на Грамос и на Вичо што красноречиво ја опиша Високиот, слика многу поголема отколку што беа нашите мечти, а во ушите имавме одзвук на бомби, митралески и автоматски рафали.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Погледна на околу. Офицерите, влечејќи се, се доближуваат до позициите на непријателот од каде не престануваат рафалите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од блиските ридови - со долги митралески рафали и минофрлачки оган противникот ја бие колоната.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ечеле митралески рафали, фијукале куршуми, грмеле бомби и гранати, се кренале дрвја и камење, се стуштило небото, се отворила земјата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Долг митралески рафал. Над земјанките - свиреж на куршуми.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
— Да им тргнам еден рафал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Славко молскавично се завртува кон Капетан Драган и испукува рафал радиоактивни врели лепешки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)