рафт (м.)
Книгите убаво ги исполнуваа сите рафтови кои ги покриваа ѕидовите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш таа ќе упатеше бегол поглед по рафтовите на библиотеката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова ми се деси еднаш додека шетав по бесконечните рафтови...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Погледот го запре пред рафтот со речниците, во кои беа собрани илјадници различни зборови на многу балкански и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Едно момче нѐ разврза и нѐ нареди во оној рафт што беше празен.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Регистарот се наоѓа во седумдесет и осмата соба, на третиот подземен кат, на рафтот прицврстен за водоводната цевка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се мешаа во рафтовите на библиотеката стари и нови балкански права.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Портретот до ден денешен го краси рафтот на мојата библиотека.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Чувствувам леснина и опој кој лелее од сите страни на Сарајот: од таваните, од подот, од ќилимите, од книгите на рафтовите и полиците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се согласив со оној дел од нејзината оценка во која ваквите досетки ги смести во рафтот на тривијалностите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)