рачица (ж.)
А раширените рачички на куклата би го задавиле, иако не можат без него, само да го принудат да ги заборави витосните наречници.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ беше така подредено кај тоа старче, што Змејко можеше зад секој негов гест да ја насети онаа негова чкулава рачичка како влече полека, како глувче, кон себе, кон себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По него стана и Куле, но додека тие се фатија за рачиците, Адем се створи пред воловите и почна да се дере: — Што лежите, бре магариња стари, што сте остајле волојте сред угар, а вие лежите на тревата, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Понекогаш беше и интересно, тоа старче, имаше понекогаш и вакви, чудни мисли, и кога не ќе беше видлива од зад тоа неговата рачичка, тогаш Змејко можеше и да го слуша.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас уште еднаш денес ќе наминам. Дајте да ви ја бакнам рачичката.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)