рашета (св.)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И Толе го запна бројот на мариовската курдија и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му определи обор каде ќе ја помине зимата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги кутина тој луѓето како некој пеливан полеан со масло, што се рашетал по чаирот и не мирува дури не ги види сите на земја.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се појави Кулиман војвода не само преку песната Кулиман излезе место да рашета туку и преку вистинската приказна за неговиот живот со херојски мигови и со падови на изнудувач на пари што го доведува пред муцката на пушката која во исто време ги израмнува сметките и со двајцата, и со оној што ја држи и со оној во кого е вперена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)