рашири св.

рашири (св.)

На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш тој рашири насмевка на црното лице и се откри низа убави бели заби.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веднаш се рашири информацијата дека во автомобилот бил грчкиот конзул, од Солун директно дојден на многу итен и важен состанок за балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веста за белата козја инвазија се рашири низ градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не помина многу време и ситното лице на Пена се рашири во радосна насмевка во исто време претворајќи се и во глас полн со милина и топлина Пелагија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги рашири рацете правејќи си крила од парталавиот мантил, се затрча кон работ на зградата и скокна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги подигнаа погледите кон капетанот, а очите им се собраа и потоа се раширија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неколку години подоцна мојот свет се рашири.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Под него густо се рашири страшна влага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Паунот ги беше раширил крилјата, небаре запрел божилакот врз неговото гордо издигнато главче.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јужниот ветер ја рашири неговата миризба, пчелата ранобудница неколкупати слета во неговите цветчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ воденицата се рашири пријатна миризба.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во деновите што следуваа ползавците се раширија и почнаа да ползат по поширока површина, и други плодови како мониста се појавија на далеку расфрлените ластунки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Високата георгина уште повеќе се исправи, белите хризантеми си ги раширија листенцата подавајќи се на нежното милување, паднатите, жолти лисја подлетнуваа, а трите розови пупки - лесно нишкајќи се расцутеа од радост...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе