раширува (несв.)
Црвен петел кацнат на плетот раширува крилја, ширум отвора клун, ама глас не пушта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И после го кутнавме телето, а тоа ги раширува очите и ме гледа жално, жално, солзи му се навирале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој едноставно ги раширува крилјата на својот дух и лета во правецот што му го црта низ воздухот неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тебе ќе ти донесам еден олкав чибук (ги раширува рацете) да седиш најгоре, да пушиш тутун и да даваш команда!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Печатените новински мас-медиуми ги рашируваат мемите што создаваат фабричка култура раководена од менаџери.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тука, токму на влезот на Потковицата, неочекувано се раширува; во должина и ширини од неколку стотини метра прави еден секогаш полноводен, наместа и по неколку метра длабок и со риба богат вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Здравоживо мор Пелгијо, кај гу имаш скриену то нашто кумашинче! го пуштил гласот Танаско, а Пена ја гушка, ја стиска, чиниш сака во себе да ја втера, потоа Пелагија ги гушка нивните деца, ги опсипува со бакнежи, влетува и во прегратката на Танаско, а потоа тоа купче од луѓе и гласови се раширува во дворот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во подрумчето од дрвениот ковчег што остана зад старците ги побараа пљачките на трите внучиња, испрани и убаво здиплени и како што ги вадеа, ги рашируваа, ги прегледуваа и по истата шарка пак ги диплеа и ги редеа врз големиот сандак на Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се буди со некоја мачнина во стомакот која завршува со суви обиди за повраќање, а истото се повторува и во текот на денот, при вршењето на својата работа, а особено во миговите кога ја раширува шамијата со јадењето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Излегува сред џаде, раширува нозе и подига и рака и патерица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)