реакција ж.

реакција (ж.)

Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Докторите му рекле дека израстокот е реакција на неговиот организам на прекумерното пушење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зборот замок асоцираше на големо богатство при што следуваше повторна реакција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но токму сентименталноста знае да ја поттикне избрзаната реакција која по правило е предводена од непромисленоста па дури и глупоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова потекнува од реакцијата на системот на спротивни влијанија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обогатен сега со најгенијалната придобивка на немскиот класичен идеализам, со дијалектиката, дијалектичкиот материјализам стана и денеска важи како единствена филозофија на напредната човечка мисла и на напредните општествени сили, додека отпадоците од филозофскиот идеализам се филозофија на општествениот распад или на крајната реакција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш уште беа свежи реакциите од сталинистичките монтирани судења во неколку земји од источниот блок.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми збунето го погледна татко ми. Немаше време да ја види неговата реакција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Што се однесува до неговите реакции таа навистина немаше волја да се впушта во разјаснувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаете дека со интервенцијата на Англичаните во Атина и со потпишувањето на Договорот во Варкиза кога ЕЛАС мораше да го предаде оружјето, грчката реакција го почна белиот терор и прогонот на демократите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да се прикриваат сопствените чувства, да се контролира изразот на лицето, да се прави тоа што го прават сите други, беше инстинктивна реакција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова води во карактеристичен облик на уметност во којшто многу типови на стимулација се здружени поради стимулација, повторно будење или интензивирање на психоделичното доживување, за време на кое нормалните критички матрици на мислењето стануваат дезинтегрирани и поместени кон попримитивни и спонтани реакции, иако субјективно имаат карактер на естетско доживување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јагиќ беше наклонет кон посебноста на македонскиот јазик и тоа и јавно го изрази во една своја статија во виенскиот весник „Die Freie Presse” во времето кога Мисирков беше уште во Битола, којашто предизвика остра реакција на Балканот; особено во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
68. Во 1894 год. во Цариград беше извршено масовно клање на Ерменците што предизвика бурна реакција во Европа, а исто така тоа беше искористено во Бугарија за организирање митинзи за Македонија што беа вешто експлоатирани од бугарската влада, по кои дојде и образувањето на Врховниот македонски комитет и неговото „востание” (1895)
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова може да биде позитивно за нашата уметност, бидејќи овие емоции вклучуваат спонтани реакции на природниот свет, донесувајќи чувства кои сѐ уште не се избришани од светот на телевизиските екрани и од потрошувачката рекламна машинерија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ја очекуваше мојата реакција: - Вие немате право да ми се заканувате, да ги загрозувате моите човечки права.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како таа да не била предвидена од резонот на апаратските бирократи кои ќе се покажат мошне вешти со нивните први реакции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе