реверс (м.)
Ти ги испратив тебе
поради твојот занесен изглед
небаре без престан посматраш
водени отсјаи
стари карти
кутии кои се отвораат
само пред сведоци
списи кои се даваат на реверс
саркофази врз коишто светлосните
зраци смртоносно се
вкрстуваат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Потемкин несаден а никнат: пекарите полни лебови, бонбони во продавниците, привид што не се заборава – евреите ги уживаат сите права сите имаат од потребното повеќе згора и свират оркестри, пеат хорови - додека да заврши посетата на црвениот крст благосостојба на реверс просто да ти завидат гостите а потем сѐ по старо,
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Кејтеновиот син беше еден од оние млади бедници што во домот дојде без карактеристика, без никаков реверс. Проклет да бидам, реверс.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)