ревер (м.)
Сите го носеа истиот медал на реверите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Слезе од возот, купи каранфил, си го закачи на реверот и се упати по главната улица кон паркот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
* Ја здипливме улицата послана со нашата неминовност. Последната автобуска станица ти ја закачив на реверот од палтото.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Го допирам цвеќенцето на реверот на мојот внук, го земам тој цвет и се мачам да запишам нешто со него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И дури во тој миг на реверот од нејзината кошула здогледав прекрасен брош од кој ми се наежи кожата: црн, огромен пајак.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И нешто од носењето, но повеќе од сонцето и прашината, - палтото избледе и некако потемни, што можеше најарно да се забележи кога ќе се кренеше реверот или низ малиот процеп на испараниот астар. Но ништо за тоа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Црвено лакираните нокти, посебно дотерани за оваа прилика, одлично пасуваа со сината униформа, со само една бела дамка на реверот, која наспроти првата асоцијација, беше од јогуртот во кој утрото го мацаше ѓеврекот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Катер гротескно го полни текстот со сите можни знаци и белези на гејството што може да ги смисли – освен со хомосексуална желба.240 Нејзиниот раскажувач вака го опишува Пол:
Алиштата му беа малку прераснати, а мркото кадифе на јаката од раскопчаниот мантил му беше изабено и лито; но и покрај сѐ, имаше во него некоја гиздавост, па на црната убаво врзана вратоврска си носеше опална игла, а на реверот црвен каранфил...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Излегуваш надвор за да провериш, кинисваш низ улица и некој со тегет трака на реверу ти објаснува, дека не можиш да поминиш по твојата вообичаена маршрута. - Зошто бе? - Како бе зошто?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
- Нема таков човек што може да го издржи тоа, - повтори со друг глас што се исконтролира до шепот, но сепак од претпазливост се обѕре околу себе и не ги испушти реверите на Боге, кој стреснато гледаше во него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Евреинот го дофати за реверот од капутот: „Еј, докторе! Слушајте! Зарем сте збудалиле?“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)