регион (м.)

Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Трите сили се борат за завладување токму на овие густо населени региони и за областа на Северниот Пол.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На тој начин, границата е општествен и политички процес кој ги одразува односите на моќ присутни во одредени региони и историски периоди.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
По три или четири минути, беше надвор од регионот во кој падна бомбата, и бедниот разлазен уличен живот се одвиваше како ништо да не се случило.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како сега можеме да го научиме компјутерот да ги препознава овие објекти на фотографираната сцена и точно да означи кои регион на фотографијата им кореспондираат?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На терасата имаше повеќе скари за станарите од зградата и голема трпезарија комплет опремена, каде што ја јадевме вкусната риба и пиевме вино од регионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Евреи, Црнци, Јужноамериканци од чисто индијанско потекло можат да се сретнат во највисоките рангови на Партијата, а управувачите на секој регион секогаш потекнуваат од населението на тој регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај тоа, никогаш не се водат борби, освен во спорните региони околу Екваторот и на Северниот Пол: никогаш не е извршена инвазија врз непријателска територија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Демократија без граници По мое мислење, таа спротивност може да се разреши или со пораз на демократијата поради победата на пазарната економија, или со спротивниот развиток, или така што ќе измислиме „демократија без граници“, демократија во која граници­те веќе не се единствениот критериум за тоа чии сме граѓани според тоа во кој регион живееме; друга можност е човекот своите права на граѓанин (и државјанин е да може да ги користи во разни региони; трето, да има право да припаѓа на поголем број региони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Весник на жителите на Алпите, 01.01.2002 Потпурито од бои – лексички насликано со разноразни зборообразувачки творби и метафори – во Времето на козите од Луан Старова го отсликува и потцртува емоционалниот свет на Балканецот кој се регулира преку силната меѓузависност кај човекот во однос на природата и на животните што се одомени во овој регион.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Законот од 2007 предвиде и можност Владата да ги намалува и менува квотите за вработување и работа на странци по региони, области, компании и работни места и да поставува ограничувања и забрани на приливот на нови странски работници во целост или во одредени општини, ако постојат добро основани причини дека ова е од јавен интерес или општ комерцијален интерес (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Извесни заостанати региони напреднаа и разни изуми, секогаш на некој начин во врска со војувањето и со полициската шпионажа, беа развиени, но експериментот и пронаоѓаштвото главно згаснаа, а штетите од атомската војна што се водеше во педесеттите години, никогаш не беа целосно отстранети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниту една од нив никогаш не го контролира целиот спорен регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Жителите на овие региони, сведени помалку или повеќе отворено на робови, постојано преминуваат од еден освојувач под друг, и се трошат исто како јагленот и нафтата во трката за производство на повеќе оружје, за да се заземат повеќе територии, за да се контролира повеќе работна сила, за таа да произведува повеќе оружје, со кое ќе се заземат повеќе територии и сѐ така во недоглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Политичките извори до кои доаѓаа овие луѓе ги вклучуваа весниците, разговорите со Американците што патувале во регионот (мисионери, новинари и бизнисмени), официјалните соопштенија и личните контакти на министрите со политичките и економските елити.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Некои региони можат да бидат групирани или раздвоени на еден или друг начин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инженерот Декостер сметаше дека неговата мисија ќе прерасне во парадигма во регионот, зашто Македонија ја сметаше за мирна земја, која го избегна големиот конфликt по братоубиствените војни на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе