редукција ж.

редукција (ж.)

Но ... чуму сиве овие анализи и синтези, индукции, дедукции, редукции, ако ова го повтори и идната генерација, и таа по неа, и таа по неа...?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во психоанализата е присутна силна редукција на тајната, големо неразбирање на знаковите и симптомите, сѐ се сведува на она што Лоренс го нарече „мала нечиста тајна”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На овие рани дела на „Мост” усмерувачки импулси им дадоа екстазите на бои на Ван Гог и редукцијата на формата на Едвард Мунк, којшто 1906 г. имаше изложба во дрезденската галерија „Арнолд”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова нѐ наведува на поадекватен концепт за двонасочниот редукционизам каде двете науки, статистичката механика и термодинамиката на пример, се модифицираат во обидот за редукција за да доведат до нова наука која ги проширува нејзините прередуктивни компоненти и не може да биде сведена ниту на една од нив.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)