режим (м.)
Моите пријатели - сликари, писатели, интелектуалци - живееја во среќна опозиција на режимот, сите дисиденти, сите во подземје...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Испратена нова група американски офицери за помош на монархофашистичкиот режим од Атина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Новиот комунистички режим по војната сака да ја урбанизира претежно аграрната земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Раскажувањето од гледна точка на нараторот, дете на интелектуалец, пријател на водачот на козарите, ја предочува реалноста на животот на оние кои постојано живееле како осумничени, зашто не ги споделувале идеите на новиот режим на власта...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Целата новост што ја донесе сегашниот режим е еден спој на револуционерно и реакционерно чиешто насилно спроведување го врати средновековниот „теократски” човек на сцената на нашето нејако општество.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Селаните, принудени да го населат градот за да се создаде „новиот пролетаријат” се првите жртви на режимот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еднаш, на млади години татко ми спасил глава со еден таков златен наполеон кога една странска војска за време Големата војна го затворила поради немирењето со новиот окупаторски режим.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како што со песна се слави раѓањето дете, како што со песна се слави партиска победа, како што со песна се славеше победата над англискиот фудбалски тим, како што со песна се славеше безвизниот режим, така со песна треба да се слави поместувањето на овие кобни минути, заради кои целата судбина на народот тапка во место...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не бев ни против ни со режимот!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но тие не го заборавија кога нему му беше мачно во животот, при неизвесната семејна судбина Кога мораше да го докажува својот сложен идентитет во повоените упростени времиња на црно-белиот режим кој почиваше врз брзи норми на поделба на пријатели и непријатели, на брзи и немотивирани интернации и ликвидации, тој најдобри сојузници имаше во книгите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По неговата смрт дојде до смена на власта, па снимките од камерата поставена на глуждот на Ирис се продаваа во секоја трафика, како доказ за гнасотиите на претходниот режим.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сега нема место за стамболовска политика. Преродувањето на стамболовскиот режим во Бугарија сега не се оправдува со ништо и претставува еден нов обид на политичкото недоносче да покапризничи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го сретнав во градината кога замислено шетав пред да заминам во претседателската палата за да му ја предадам пораката на претседателот Бен Али со која југословенското претседателство го признаваше новиот режим на чело со него.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во затворите секаде има два режима. Еден воведен од власта, другиот од самите затворници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)