резервоар (м.)
Оттогаш ја добива целосно својата смисла симболиката на водата, со едно езеро синоним на чистотата, појавено многу време пред човекот, со својата разбранувана вода која, откако ќе го напушти својот вечен резервоар, не знае граници.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тие беа подвижните резервоари со течна храна за овие луѓе кои по победниците во војната итаа кон големиот плоштад на главниот град на Републиката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Секој организам скита низ вештачка околина трагајќи по ресурси и апсорбирајќи ги во внатрешен резервоар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Моторите не ги исклучувавме. Сѐ додека траеше растоварувањето, резервоарите ги полневме со бензин и кога ќе слушневме дека е готово, свртувавме и право во магазините.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Признавам, дека во таа силина на поривот, помислив дека, најпосле, можеби на главниот резервоар ќе се стави некоја спомен табла со моето име. Би било ред.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Работите на водоводот пак, напредуваа. Присуствував заедно со инженерите кога се ставаше разделната цевка во резервоарот за двата крака што се делеа за двата дела на Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Квечерината на дваесет и трети мај, кога се вратив од височинката каде што веќе се изведуваа работите на главниот резервоар, за кој земјата беше ископана и, на камиони, однесена, та почнуваа бетонерските работи, кога се вратив таа квечерина, пред куќата ме чекаше човек кого не го познавав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што ќе беше толку неприродно, ако на резервоарот се ставеше една спомен табла?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И на бугарските учени луѓе и на стопанствениците очите им се свртени кон морските води, кон неисцрпниот резервоар на вода - Црно Море, крај чиј брег постојат надежи дека ќе израснат огромни атомски централи за отсолување на морската вода, кои ќе бидат рентабилни, со примената на најновите достигања во науката и техниката.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека летуваа, ја беше паркирал во длабока сенка, дури и со половинки тули под тркалата; но, место тој, некоја банда ќе да беше ја позајмувала, барем ноќе, зашто не само што тулите ги снемуваше туку и од резервоарот беше исцицан сиот бензин.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Што уште се случи? Вообичаени работи: ги пресушивме резервоарите на вода; демек првпат вистински ја разбравме музиката; расположението ни зависеше од тоа дали патките се движеа кон нас (радост) или од нас (разочарување).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Минимум две коли. Резервоари пуни до даска.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Тој ден, кога инженерот ја кажа оваа вест, со истата онаа весела насмевка што секогаш го следеше, од високото кај резервоарот можеше да се види како Надежда јаде големи црвени цреши од полната скутина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Материјалот го имаат и ќе го имаат при рака - големи доводни цефки ф-150, цемент и вентили за каптажата што, се разбира, се изведува на самите извори и на речиштето, потоа за првиот мал резервоар и натаму за неколкуте стопирачки шахти и, најмногу, цемент и градежно железо, за големиот резервоар на височинката над Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Очите ни се, по традиција, скришен резервоар
за желби. како за таен улов остриги, јастози
пиздици и листови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Или, пак, колку бензин и други нафтени деривати треба секој ден да се испратат во Париз за да можат да се „нахранат“ резервоарите на неколкуте милиони автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)