резиденција (ж.)

Им здодеаја провидните сарајски игри за власт На големата капија на резиденцијата под сенката на палмите ме очекуваше Гзиме со децата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Битола се избира за резиденција на генералниот инспектор за Македонија и неговите советници – цивилните агенти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пари, статус, патувања, уба гардероба, ќе живејш во голема резиденција, ќе имаш вила на некој грчки остров, ќе се дружиш со богатите...“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се упатив кон првиот телефон. Набрзина ги свртев броевите на резиденцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат ме испрати до излезот на резиденцијата крај која имаше засилено обезбедување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од резиденцијата под Водно замина одамна, кога тука замириса барутот и се најдовме пред портите на една контролирана, но сепак заканувачка етничка војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Никола Поцо само одел напред, тие ја носеле главата в зобница по него до влезот на резиденцијата на Беадин-паша.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Капијата на резиденцијата беше отворена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во пресудната 1948 година бродот на длабочина од 23 метри крај риечкото пристаниште ќе биде извлечен од специјализираното претпријатие Бродоспас и ќе го преземе Југословенската воена морнарица за свои потреби, а по реконструкцијата и обновата дел по дел ќе влезе во составот на морнарицата како школски брод Галеб, а подоцна ќе стане еден вид пловечка резиденција на Јосип Броз Тито.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Низ Авенијата на палмите, крај градината на резиденцијата во која повеќе го немаше градинарот Раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дотогаш толку познатата резиденција на маршалот Ванга беше вистински мит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Картагина, во која се наоѓаа речиси сите резиденции и амбасади, а на еден рид беше извишена големата резиденција на американската амбасада, дејствуваа амбасадорите и нивните советници како на свет во мало, во кој беа силно изразени и тогашните делби во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На главната врата од резиденцијата, во авенијата на симетрично наредените палми, живи каријатиди на медитеранскиот пејзаж, го сретнав градинарот Раиз, како си го завршува работниот ден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Транспортерите беа сѐ уште пред резиденциите, а најмногу ги имаше пред претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едноставно му ја кажав вистината: - Содржината на ливчето ја запишав во резиденцијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му реков првин да свратиме во резиденцијата, на неколку стотини метри од палатата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговите зборови, изговорени во резиденцијата на југословенскиот амбасадор, доколку беа кажани пред други можеше да се сметаат за дипломатски инцидент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе