религија (ж.)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На површината на твоите сиви ќелии започнуваат да се раѓаат еретички идеи и ти започнуваш да ги разгледуваш опциите за трансфер во некоја друга религија.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа беше дополнителна причина да го ослободиме нашиот народ од бремето на религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
43. Мисирков не им се спротивставува на католицизмот и протестантизмот и од чисто практични причини: овие гранки на христијанството не беа државна религија на ниедна од претендентките за Македонија, па следствено и не беа во директна услуга на завојувачките планови на соседите, додека тој сакаше да ги гледа во Европска Турција и интересите на големите католички и протестантски држави за да не се остане само на едностранчиво влијание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И за другите религии лудилото е потпаѓање под влијание на темните сили, како последица на борбата помеѓу Бог и Сатаната, но се појавиле и оние кои барале поинаква причина за лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ти и твоите драги пријатели започнувате ваша сопствена религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Комунистичката вера целеше во текот на педесет години целосно да ја избрише религијата од албанската меморија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кадежот на носталгијата потсетува дека по прашањата на религијата би требало да има неколку изненадувања.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Гајретот има заедничка генеза во монотеистичките религии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
42. Но религијата никако не треба да биде средство за престапни политички и национални цели, како што е сега во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но не беше лесно со религијата. Тука тешко можеше нешто да се копира, пресади, наложи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Религијата, како што знаете, во нашата земја е забранета уште во 1967 година за време нашата голема културна револуција...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ти и твоите пријатели можете да направите сѐ што направиле големите религии и етнички групи во име на нивниот Бог.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во САД тој добива ново значење: означува цело движење на луѓе коишто истражуваат други традиции, особено Азиските религии, кои не се научно класифицирани. Тоа често се нарекува метафизика.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Колку малку време мина, а народот беше ставен во искушението на навидум последното преобраќање во комунистичката религија...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Маслов кажува дека: „личностите коишто имаат врвни доживувања живеат во царството на битието, поезијата, естетиката, симболите, трансцеденцијата, мистичката, личната, неинституционалната религија и крајното доживување”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Итај право кон Сонцето Зауздај ги кочиите на Фаетон Итај право кон мудроста Совладај ја филозофијата на Платон Итај право кон родољубието Следи ги делата на Катон Итај право кон музиката Сакај ја песната на Шпато Итај право кон стратегијата Проучи ја реториката на шахот Не итај право кон бездната Одбиј ја трезно религијата на Ех(нато)он 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)