ремче (ср.)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Црната чанта од мека кожа, со форма на кенгурска торба, ѝ се нишаше на рамото додека нежно чекореше со чевлите со високи потпетици и со ремчиња на горниот дел.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Последни почнаа да доаѓаат жените, ама како која идеше со празни раце не доаѓаше туку носеше или некое компирче, ремче сушено свинско месо, лукањче, ореви, дивјачки и што ќе се најдеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- „Еве, гледаш, ова ремче овде е од друга боја, од жолта кожа, еве и ова овде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)