рестрикција (ж.)
Рестрикцијата била воведена за да ја спречи штетата што пиењето можело да ѝ ја нанесе на воената индустрија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Потоа пукна брука дека за рестрикција на хомосексуалните права гласале припадниците на малцинските групи што и самите во минатото биле жртва на репресија: црнечките протестанти и хиспаноамериканските католици.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Но, со носењето на ЗРО (2005) интересно е тоа што, повторно, се враќаат правата на неизбраните кандидати кои конкурирале за одредено работно место, но сега со значајни рестрикции во однос на првичниот ЗРО (1993), кој изречно го предвидуваше и правото на тужба.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„Више секса него кекса“ беше неговата препорака, кога помислив дека и во таа област се влегува со рестрикција по климаксот, па се уплашив за себе и за сите други како мене... во години средни.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Откако беше вовела рестрикции во исхраната нејзините гради како да ја губеа цврстината што почнуваше да ме загрижува. Зарем не забележува?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)