реткост (ж.)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Да, - одговори тој по куса пауза. Татко ми и порано многу малку зборуваше, но сега зборовите кај него беа станале вистинска реткост.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Дедо беше убав висок човек кој сѐ уште носеше селски алишта што веќе станаа реткост и за селото.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во градот на Босфор не се пие многу алкохол. Затоа пивниците се вистинска реткост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сеедно, кренатиот поглед ја плати должната сума и во прецизен натурализам ги здогледав: острата боја врз реткоста на косата, старите испакнати вени и младешката облека, злоупотребата на психологијата како наука, вечното незадоволство од очекувањата, нискиот стремеж кон „високи“ случувања.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Прво што му падна на ум беше помислата оти бара некоја книга напишана или не, но која има знак на реткост и мирис на дамнина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа е реткост во оваа индустријализирана земја и земја на оранжерии, во кои се одгледува цвеќе и зеленчук. Селата се врзани со градовите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како заклучок нагласија дека во денешни услови дивечот на Водно е реткост.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ме погоди бидејќи го доживеав како израз на некое нетрпение на какво што од неа не бев навикнал. Ова беше реткост. Но, требаше да се одбранам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ваквите прилики, во место каде што имаше најмал природен прираст, беа вистинска реткост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Хелвиг беше под такво нејзино влијание, посебно откако таа го роди синот, што комуницирањето со мајка му и татко му беше вистинска реткост.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тогаш се уште немаше телевизори и автомобилите беа реткост.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тоа што ја чини пријатна специфичност Набоковата проза, е тоа што таа, не како се читаше, туку како да ја гледавме, што произлегуваше од мизансценската дарба на писателот, сега во драматуршки услови стана главно, а речта на хероите (личностите) добива изразити лексички достоинства, што е таква голема реткост.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со инвестирањето на уметничкиот код (авторство, избор, реткост, иновативност, естетичност, инсценација) уметникот доволно уверливо ги демонстрира облиците на приклученост на денешниот поединец кон виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Исто и на трговците реклами им пишувам: „Реткост! Црвено, божем, чајче од сопствени плантации...“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)