реформатор (м.)
Се разбира потврди Татко, но најмногу на ум го имал својот мајчин албански јазик чиј реформатор бил, ја употребил првата латинска азбука, која ќе биде конечно прифатена како конечна албанска азбука на Конгресот во Битола во 1908 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Новите реформи кои предвидуваа во модернизираните воени единици да се сочуваат зачуваат само најдобрите јаничарски трупи, доведоа до нивна нова генерална побуна кога тие на 15 јуни 1826 година ја запалија палатата на големиот везир и ги бараа главите на реформаторите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Близу до кулата е споменикот на чешкиот реформатор Јан Хус, кој поради своите револуционерни идеи е спален од клерот во 1615 година.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сексипилна, реформатор на модата во светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој е чиста спротивност на глупавите хедонистички утопии што ги замислуваа старите реформатори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Големиот реформатор успева да го осмисли и спроведе Законикот на персоналниот статут.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За него и неговите лингвистички реформатори, нетурските зборови ќе бидат сметани за примеси на завршено време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И обајцата располагаа со речниците на српскиот јазик составени од големиот српски реформатор Вук Караџиќ од 1818 година, во кои им беше посветено посебно внимание на турцизмите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)