рецитирање (ср.)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Важно ги истераа одвратните Струшки поетски вечери минати во ждерење, локање и патетично рецитирање подгреано што со алкохол што со помпезноста на „вишите државни интереси” - што Струга е.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
По моето рецитирање, како голем камен да падна од душата на Трифун Трифуноски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На Видовден јас го водев хорот и ја имав за рецитирање песната Ујутро на Видовдан.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)